петок, 18 октомври 2024

Имал 21.524 парчиња пиротехника на тезга на Бит Пазар, полицијата го приведе

Кај 33-годишен маж полицијата на Бит Пазар во Скопје пронајде вистински арсенал од пиротехника – 21.524 паричиња. Ги продавал на тезга!

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска во 14.30 часот  на Бит Пазар во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.А. (33) од Скопје, кој е затекнат како на импровизирана тезга продавал поголема количина на разновидни пиротехнички средства. При тоа пронајдени и одземени се 21.524 пиротехнички средства. По целосно документирање на случајот, против Р.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок“, се вели во полициското соопштение.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ