сабота, 27 јули 2024

Има ли конфликт на интереси во грантот на ФИТР за Зеро-оне?

Криминал со тапија! Ова на својот фејсбук-профил го напиша пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески кој тврди дека има класичен конфликт на интереси во добиениот грант од Фондот за иновации за фирмата Зеро-оне, каде Висар Рамадани, кој е надворешен соработник на ФИТР, е бизнис партнер.

Објавено на

часот

Сподели

Фирмата Зеро-оне добила грант од 40 илјади евра за проект за електронски интегриран систем за комуникации. Сопственик на оваа фирма е Фатмир Шакири, кој е косопственик во фирмата Тридот, заедно со Висар Рамадани, надворешниот соработник во Фондот за иновации.

х

Од Фондот за иновации и технолошки развој велат дека селекцијата е извршена без никакви влијанија. Фирмата Тридот е формирана на 25 октомври и досега не аплицирала на конкурсите на Фондот за иновации.

ФИТР на последниот повик одобри 2,3 милиони евра грантови за стартап компании.

Инаку Висар Рамадани е син на аналитичарот Исмет Рамадани, еден од поддржувачите на политиките на актуелната власт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ