Фирмата Зеро-оне добила грант од 40 илјади евра за проект за електронски интегриран систем за комуникации. Сопственик на оваа фирма е Фатмир Шакири, кој е косопственик во фирмата Тридот, заедно со Висар Рамадани, надворешниот соработник во Фондот за иновации.
Од Фондот за иновации и технолошки развој велат дека селекцијата е извршена без никакви влијанија. Фирмата Тридот е формирана на 25 октомври и досега не аплицирала на конкурсите на Фондот за иновации.
ФИТР на последниот повик одобри 2,3 милиони евра грантови за стартап компании.
Инаку Висар Рамадани е син на аналитичарот Исмет Рамадани, еден од поддржувачите на политиките на актуелната власт.