сабота, 27 јули 2024
Полицијата го приведе

Им се заканувал на мајка си и братот, а имал забрана да им се доближува

Неготинец е лишен од слобода бидејќи не почитувал судска забрана и им се заканувал на мајка си и братот, информираа денеска од СВР Велес.

Објавено на

часот

Сподели

„Синоќа  во  20 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.А.(27) од неготинско село, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 28-годишен брат, според која тој не го почитувал решението од Основен Суд Неготино со мерка забрана за приближување и влегување во домот, па дошол во домот и им упатил закани на пријавителот и нивната мајка“, велат од СВР Велес.

Оттаму информираа дека З.М. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ