сабота, 27 јули 2024

Илон Маск: Ветувањето на НАТО за членство на Украина е вовед во нуклеарна апокалипса

Ветувањето на државниот секретар на Соединетите Американски Држави Ентони Блинкен дека Украина ќе стане членка на НАТО личи на сцена од филм за нуклеарна апокалипса, смета технолошкиот могул Илон Маск.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Блинкен повтори дека неговата земја и другите НАТО членки се цврсто решени да ја вклучат Украина во воениот блок, додавајќи дека целта на овонеделниот самит на Алијансата во Брисел е „да се помогне во изградба на мост кон членството“ на Киев.

Коментирајќи ја изјавата на Блинкен на социјалната мрежа Икс, Маск порача дека „вака буквално почнува филмот за нуклеарна апокалипса“, споделувајќи и сцена од американскиот филм „Ден потоа“, кој прикажува фиктивна нуклеарна војна меѓу САД и Советскиот Сојуз.

Маск претходно го повика Киев да ѝ понуди отстапки на Москва во замена за мировен договор. Тој го поддржа и аргументот дека обидите на САД да ја ослабат Русија со вооружување и финансирање на Украина имале спротивни резултати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ