вторник, 7 јануари 2025

Илон Маск се потсмева со доделувањето на Медалот на слободата на Џорџ Сорос (ФОТО)

Американскиот бизнисмен Илон Маск оцени дека доделувањето на Медалот на слободата на актуелниот американски претседател Џо Бајден на американскиот финансиер Џорџ Сорос е пародија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Бајденовото доделување на Медалот на слободата на Сорос е пародија“, напиша Маск на социјалната мрежа Икс.

Покрај тоа, Маск се потсмева и со врачувањето на медалот објавувајќи монтирана фотографија од Бајден како стои покрај императорот Палпатин, главниот негативец од филмскиот серијал „Ѕвездени војни“.

„Џорџ Сорос тука изгледа одлично. Можеби е до светлото“, напиша Маск.

Претседателскиот Медал на слободата е едно од највисоките цивилни признанија во Соединетите Американски Држави и се доделува секоја година за придонес на унапредувањето на националните интереси во различни области, вклучувајќи ги културата и спортот.

На заминување од Белата куќа Џо Бајден додели 19 Медали на слободата, а меѓу одликуваните се поранешната шефица на дипломатијата Хилари Клинтон, американскиот милијардер и ментор на голем број невладини организации Џорџ Сорос, пејачот на групата Ју-ту Боно Вокс, глумецот Мајкл Џ. Фокс, уредничката на модното списание Вог Ана Винтур и други.

Сорос е официјално награден бидејќи „поддржувал организации и проекти ширум светот кои ги јакнат демократијата, човековите права, образованието и социјалната правда“, но критичарите на Бајден оценуваат дека медалот е „заслужен“ со нескриените ставови против Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ