сабота, 27 јули 2024

Илон Маск пристигна на Бали за планираното лансирање на Старлинк

Американскиот милијардер Илон Маск денеска пристигна на индонезискиот остров Бали за планираното лансирање на интернет услугата Старлинк на Спејсекс за индонезиската влада, која се надева дека ќе го зголеми продорот на интернетот и здравствените услуги во оддалечените делови на распространетиот архипелаг.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Маск беше пречекан од индонезискиот министер за инвестиции Лухут Бинсар Панџаитан и најави дека ќе разговараат за соработката, вклучително и лансирањето на Старлинк, пренесува Ројтерс.

Панџаитан истакна дека еднаквиот пристап до интернет низ Индонезија, островска држава во Југоисточна Азија со повеќе од 270 милиони жители кои живеат во три временски зони, ќе им овозможи на луѓето во оддалечените области да уживаат во истата удобност на брз интернет како и оние во урбаните средини.

Старлинк доби лиценца за работа во Индонезија како интернет сервис провајдер, потврди Панџаитан. Маск попладнево ќе присуствува на промоцијата на Старлинк со индонезискиот претседател Јоко Видодо. Индонезија е третата земја во Југоисточна Азија каде што ќе работи Старлинк, по Филипините и Малезија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ