петок, 18 октомври 2024

Илон Маск повторно е најбогат човек во светот

Објавено на

часот

Сподели

Акциите на Тесла пораснаа вчера наутро за над 2,5 отсто на нешто повеќе од 266 американски долари. Станува збор за опоравување по наглиот пад на вредноста на акциите минатата недела. Нето богатството на Маск сега го надмина тоа на Бернар Арно, извршниот директор на францускиот произведувач на луксузна стока ЛВМХ.

Во сопственост на ЛВМХ се компаниите Луј Витон, Кристијан Криор и Тифани. Нето богатството на Арно потона денес за 2,4 милијарди долари, односно за над 1 отсто, на 234,9 милијарди долари. Сето тоа поради падот на вредноста на акциите на ЛВМХ.

Маск титулата најбогата личност во светот ја изгуби во петокот, само неколку дена откако накратко повторно ја презема. Изгуби околу 18 милијарди долари во четвртокот поради тонењето на акциите на Тесла, кои паднаа за речиси 10 отсто поради лошиот квартален извештај за заработката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ