сабота, 27 јули 2024

Илон Маск: Одиме кон трета светска војна

Западните земји треба да престанат бесмислено да ги жртвуваат животите на Украинците во конфликтот со Русија и да постигнат мирно решение со Москва. Во спротивно, опасноста од избивање трета светска војна ќе биде сè поголема и поголема, оцени милијардерот Илон Маск.

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа што се случува во Украина всушност е принесување жртва од голем дел на украинската младина и тоа, во суштина, без територијална добивка“, кажа тој во поткастот објавен на неговиот профил на Икс (Твитер).

Актуелната ситуација е бесмислена, а за Западот би било прагматично да ги обнови односите со Русија. Русите и Украинците се гневни едни на други, но тие се „буквално едно семејство“, смета Маск.

„Мислам дека ние на Западот ги подбуцнуваме да ги убиваат своите синови, и ми се чини дека тоа е неправилно. Кој што и да каже тие не се природни противници“, прецизираше Маск.

„Мислам дека се приближуваме кон трета светска војна. Носиме една глупава одлука по друга, влегуваме во трета светска војна. Луѓето би требало да се позанимаваат со самоанализа“, искоментира тој.

Истакна и дека американската политика ја приморува Русија да стапува во сојузи со Иран и Кина, што може да биде проблем за целата цивилизација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ