сабота, 27 јули 2024

Илон Маск лансираше нови сателити

Спејсекс, компанијата на американскиот милијардер Илон Маск, објави дека лансирала 21 сателит Старлинк, кои можат да емитуваат телефонски сигнали од вселената директно до паметните телефони, во ниската орбита на Земјата со помош на ракетата Фалкон 9.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Сателитите Старлинк се лансирани од калифорниската база Ванденберг, според веб-страницата на Спејсекс.

За време на лансирањето била користена ракета-носач за повеќекратна употреба, така што Фалкон 9 сѐ уште е употреблив, објавија медиумите.

Ракетата-носач, откако се одвои од сателитот, изврши контролирано вертикално слетување на платформата за слетување на беспилотни летала на море, која Спејсек ја нарече „Секако дека сè уште те сакам“ (Of Course I Still Love You, односно OCISLY).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ