Приказната, за која јавува и Би-би-си, започнува откако Маск на социјалната мрежа Твитер, инаку во негова сопственост, напиша дека е „подготвен за тепачка во кафез“ со Закерберг.
Марк Закерберг, пак – шефот на „Мета“ во чија сопственост се Фејсбук и Инстаграм, објави скриншот од твитот на Маск со порака „испрати ми локација“.
На ова, Маск повторно твитна „Вегас Октагон“.
Октагонот претставува ограден простор со душек кој се користи за борби во „Ultimate Fighting Championship“ (UFC). Шампионатот е со седиште во Лас Вегас, Невада.
„Приказната зборува сама за себе“, изјавил портпаролот на „Мета“ за Би-би-си.
По најавата на борбата, 52-годишниот Илон Маск напиша дека речиси никогаш не вежба, освен кога ги зема децата и ги „фрла во воздух“.
Марк Закерберг, кој има 29 години, тренира мешани боречки вештини, а неодамна победи на турнир во џиу-џицу.
Претходно месецов, „Мета“ ги откри своите планови да лансира социјална мрежа базирана на текст, дизајнирана за да се натпреварува со Твитер. Платформата е во развој и се очекува да биде лансирана наскоро.