четврток, 26 декември 2024

Илон Маск: Гем, сет, меч, време е да градиме

Илон Маск на својата мрежа Икс сподели хумористична монтажа на која тој носи мијалник во Овалната соба.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Шегата е потсетување на моментот кога го купи Твитер и донесе мијалник во неговото седиште.

Тој претходно, по резултатите од изборите, на кои (според првите прогнози) води републиканскиот кандидат поддржан од Доналд Трамп, Маск, напиша „Гем, сет, меч“.

Тој исто така изјави: „Америка е нација на луѓе кои градат. Наскоро ќе можете слободно да градите“.

Маск изјави дека тој ќе се залага за намалување на бројот на федерални агенции доколку републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, победи на изборите и му додели улога во својата администрација.

Во интервју за онлајн емисијата на новинарот Такер Карлсон, кое беше снимено во одморалиштето Мар-а-Лаго на Трамп, Маск рече дека сака да му помогне на Трамп да ја направи владата поефикасна, објави АП.

„Имаме огромен бирократски апарат. Мора да им овозможиме на оние кои ја градат Америка да градат“, рече Маск. Маск нагласи дека намалувањето на владината бирократија ќе помогне да се забрзаат иновациите и економскиот раст.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ