Путин еднаш побарал од Маск да не ја активира неговата сателитска интернет-услуга Старлинк над Тајван, како услуга за кинескиот претседател Си Џинпинг, реле две лица запознаени со барањето.
Веста за контактот меѓу Маск и Путин одекна во критичен момент од предизборната кампања во САД, пишува Политико.
Влијанието на Маск се протега надвор од политиката, преку неговата платформа Икс и технолошката компанија Спејсекс, преку која тој склопува и големи договори со владата и има дозвола на високо ниво за доверливи информации во САД.
Маск ѝ даде пристап на Украина до Старлинк откако Путин ја започна инвазијата на земјата во февруари 2022 година, но односите со украинските власти се заладија за време на војната, па милијардерот ја ограничи украинската војска дури и во користењето на интернет-услугата за контрола на беспилотни летала.
Во октомври 2022 година, Маск почна да ги твитува ставовите на Кремљ за војната, а во почетокот на 2024 година во извештаите на украинското воено разузнавање се вели дека руската војска ја користи сателитската услуга на Маск на украинскиот фронт.
Според портпаролот на Путин, Дмитриј Песков, единствената комуникација на Кремљ со Маск бил телефонски разговор во кој тој и Путин разговарале за „вселената, како и за сегашните и идните технологии“.
Сознанието за контактите на Маск во Кремљ се чини дека е строго чувана тајна во американската администрација, пишува Волстрит џурнал, а неколку претставници на Белата куќа рекле дека не знаат за ништо за тоа.
Маск не реагирал на информациите и не одговорил на барањето за коментар од Волстрит џурнал.