петок, 11 октомври 2024

Илон Маск: Доживотен затвор за родителите и докторите за промена на пол на деца

Објавено на

часот

Сподели

„Секој родител или доктор кој ќе стерилизира дете пред тоа да стане возрасна личност треба да оди доживотно во затвор“, напиша Маск на Твитер.

Неговата порака е одговор на либертаријанката Џози Габах, попозната како Црвенокосата либертаријанка, која ја сподели приказната на телевизијата Ем-ес-ен-би-си во која беше критикуван гувернерот на Флорида Рон Десантис поради залагањето за воведување закон со кој би се забраниле трансродови медицински третмани за малилетниците.

Таквиот закон би се однесувал на забрана за блокада на пубертетот и операција за промена на полот.

Либертаријанизмот е политичка филозофија која го застапува ставот дека поединците би требало да прават што сакаат со себе и својот имот, сè додека не ја загрозуваат слободата на останатите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ