„Полагањето основен когнитивен тест не би требало да биде опција за лицето кое го контролира нуклеарниот куфер“, наведе Маск на социјалната мрежа Икс.
Претходно конгресменот Рони Џексон, кој работел како лекар на американските претседатели Барак Обама и Доналд Трамп, кажа дека актуелниот американски лидер Џо Бајден треба да се подложи не на еден, туку на бројни тестови на менталните способности, по кои американските граѓани би требало да бидат запознаени со нивните резултати.
Трамп предложи сите кандидати за претседател на САД да го полагаат тој тест. Овој предлог го поддржа и поранешната амбасадорка на САД во Обединетите нации Ники Хејли, која бара номинација за претседателски кандидат на Републиканската партија.