петок, 10 јануари 2025

Илјадници Романци протестираат поради поништувањето на претседателските избори (ВИДЕО)

Илјадници Романци протестираат денес пред зградата на Уставниот суд на Романија против поништувањето на првиот круг на претседателските избори во декември на кој победи независен антивоен кандидат. Протестите, иако не волку бројни, се одржуваат од 6 декември кога Уставниот суд ги поништи изборите, два дена пред одржувањето на вториот круг.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката беше донесена откако беа објавени тајни државни документи кои требаше да покажат дека победникот во првиот круг Калин Ѓоргеску имал помош од кампања на социјалните медиуми, наводно организирана од Русија. Такво нешто не беше докажано, а Москва негира дека се мешала во романските избори.

Одлуката за поништување на изборите дополнително ја ослабе довербата на јавноста во државните институции и ги поларизираше гласачите гневни поради интерните спорови на водечките партии и обвинувањата за корупција.

Адвокатот на Ѓоргеску денес поднесе барање до Уставниот суд да ја поништи својата одлука. Околу 4.000 негови поддржувачи се собраа пред судот со мртовечки сандак на кој беше напишано „Демократија“, извикувајќи „Сакаме да гласаме“ и „Вратете го вториот круг“.

Романската владејачка коалиција договори неделава да ги повтори претседателските избори на 4 и 18 мај, речиси шест месеци по поништениот прв круг. До тогаш на функција ќе остане претседателот во заминување Клаус Јоханис, чиј мандат истече на 21 декември.

Не е јасно дали Ѓоргеску, кој го критикува НАТО и се противи на романската воена поддршка на Киев, ќе смее повторно да се кандидира.

Романија ја има најдолгата копнена граница со Украина во Европската Унија и НАТО. Помагаше во извезувањето на милиони тони жито од Украина преку црноморското пристаниште Констанца, тренираше украински воени пилоти и на Киев му донираше противвоздушен систем „патриот“. САД во Романија имаат ракетна база, дел од противракетниот штит Аегис.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ