вторник, 5 ноември 2024

Илјадници протестираа во Лондон против загадувањето на водата

Неколку илјади луѓе маршираа низ Лондон на покана на невладини организации барајќи зголемена акција на властите кога е во прашање загадувањето на водите, феномен кој во Велика Британија доби значителни размери.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Учесниците на собирот организиран под името „Марш за чиста вода“, меѓу кои многумина беа облечени во сино, истакнаа транспаренти со натпис „Се гушиме во гом…“ и ја повикаа власта „да престане со труењето на британските реки.

Британскиот сектор за водовод и одвод, приватизиран во 1989 година, сега е во криза поради недоволното инвестирање од страна на владата во канализациониот систем кој во голема мера датира од викторијанската ера.

Демонстрантите особено ги критикуваа компаниите кои се грижат за водоводот бидејќи испуштаат отпадна вода во околината, што резултира со загадување на крајбрежјето и водните текови.

Надлежните веќе неколку години се под притисок на јавноста која бара тоа да се коригира, а фирмите веќе парично се казнети.

Во септември, лабуристичката влада поднесе предлог-закон за заострување на санкциите против директорите на водоводните претпријатија.

Денешните демонстранти бараат реформа на регулаторот кој управува со секторот за водовод и одводнување – Офват кој „целосно потфрли кога е во прашање неговата задача“.

„Офват треба да гарантира дека водоводните компании се одговорни“ за своите постапки, рече во неделата британскиот природонаучник и водител Крис Пакам, кој учествуваше во мирните протести, организирани на покана на организации како Ривер Акшн и Гринпис.

„Грижата за нашата животна средина е инвестиција во иднината на сите нас“, изјави тој за радио Тајмс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ