сабота, 22 март 2025

Илјадници патници се соочуваат со откажување летови поради пожар на лондонскиот аеродром Хитроу

Најмалку 1.350 летови до и од лондонскиот аеродром Хитроу се соочени со откажување летови на најпрометниот европски туристички јазол откако аеродромот поради пожар остана без струја, поради што е затворен на еден ден.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Патниците велат дека струјата е повторно вклучена на еден од двата терминали на аеродромот Хитроу кои останале во мрак по пожар во трафостаницата.

Пожарникарите претходно соопштија дека терминалите 2 и 4 на аеродромот останале без струја по пожарот. Хитроу го затвори аеродромот за сите летови најмалку до полноќ.

Електродистрибуцијата кажа дека нашла „привремено решение“ кое ја реконфигурирало неговата мрежа, овозможувајќи електричната енергија да се врати на Хитроу. Нејасно е дали струјата на аеродромот целосно е обновена. Аеродромот соопшти дека не знае кога струјата ќе биде вратена и очекува прекините да траат со денови.

Иако причината за пожарот кој го затвори аеродромот Хитроу е сè уште нејасна, аналитичарите велат дека инцидентот предизвикува загриженост околу способноста на Британија да издржи напади или природни катастрофи кои ја оштетуваат критичната инфраструктура како комуникациите и електричната мрежа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ