петок, 18 октомври 2024

Илјадници луѓе во Израел протестираа против владата на Нетанјаху (ВИДЕО)

Неколку илјади луѓе протестираа денеска во поголемите израелски градови против владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Објавено на

часот

Сподели

Демонстрантите се собраа пред официјалните и приватните резиденции на Нетанјаху, барајќи предвремени избори, како и смена на членот на воениот кабинет Бени Ганц од владата, објави Хаарец.

Илјадници се собраа во Тел Авив, Ерусалим, Хаифа, Бер Шева и Цезареја.

Најголемите антивладини демонстрации се одржаа во центарот на Тел Авив, каде што стотици луѓе го блокираа автопатот Алајон, а полицијата употреби водени топови.

Демонстрантите во Ерусалим го блокираа Парискиот плоштад, во близина на официјалната резиденција на премиерот, што доведе до апсење на еден демонстрант.

Во близина на приватната резиденција на премиерот Нетанјаху во Цезареја, полицијата уапси четворица демонстранти осомничени за палење факели и употреба на запаливи материјали.

Стотици демонстранти, меѓу кои и роднини на заложниците, блокираа пат во Тел Авив, палејќи оган, кој подоцна беше изгаснат од полицијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ