четврток, 26 декември 2024

Илјадници Израелци синоќа со факели протестираа пред парламентот (ВИДЕО)

Илјадници Израелци синоќа, четврти ден по ред, протестираа против владата и во корист на договорот за ослободување на заложниците во Газа.

Објавено на

часот

Сподели

Израелските медиуми објавија дека демонстрантите синоќа се собрале со факели во рацете во близина на зградата на парламентот во Ерусалим и побарале нови избори.

Мајка чиј син бил киднапиран го обвини премиерот Бенјамин Нетанјаху дека стои на патот на договорот за заложници.

Во Ерусалим од неделата се одржуваат големи антивладини демонстрации, а демонстрантите поставија стотина шатори пред парламентот како дел од повеќедневната кампања.

Во саботата луѓето исто така протестираа против раководството на Нетанјаху во Тел Авив, Хаифа и други градови. Роднините на заложниците го обвинуваат дека не бил сериозно заинтересиран за ослободување на Израелците што ги држи Хамас во Појасот Газа.

Шефот на израелската влада ги отфрла критиките и неодамна рече дека чувствува обврска да ги врати сите заложници дома. Новите избори, тврди тој, ќе ги парализираат преговорите за ослободување на заложниците и „ќе доведат до крај на војната пред да се постигнат целите“.

САД, Катар и Египет со недели посредуваат меѓу Израел и Хамас за постигнување нов прекин на огнот и размена на заложниците киднапирани од Израел за палестински затвореници.

Израел проценува дека речиси сто заложници, кои ги држи исламистичката организација, сѐ уште се живи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ