На ова, претседателот на Собранието, Африм Гаши одговори дека сега се утврдува дневниот ред и дека Даути ќе може да ја образложи својата оставка на пленарната седница закажана за 21 јануари. По ова, во Собранието е дадена пауза.
„Сега го утврдуваме дневниот ред и на следната седница, која е закажана за 21 јануари ќе имате време да дадете образложение. Ако сакате да го кршите Деловникот, во ред. Јас ви укажувам дека е спротивно со деловникот“, рече Гаши.
Даути настојуваше да ѝ се дадат 15 минути за да ја образложи оставката.
„Не можеш да ме држиш на сила господине Африм Гаши. Научете да го почитувате деловникот, законите и постапките. Бездруго денеска ќе се слушне мојот глас и моето образложување за лошиот акт кој вие го направиле. Срам да ви е! Баравте мое разрешување, а тоа разрешување само што настана. Вие на сила не можете тука да ме држите. Затоа сакам да го искористам моето право и да ја образложам. Го барам потребното време од 15 минути за да ја образложам мојата оставка“, рече Даути.