сабота, 2 март 2024

Илир Мета во Пустец

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата Илир Мета денеска престојуваше, како што вели, меѓу прекрасната македонска заедница во Мала Преспа.

Објавено на

часот

Сподели

„На големо задоволство на македонските граѓани во Пустец, денеска во посета беше поранешниот  претседател на Албанија, Илир Мета, кој редовно ја посетуваше Преспа и кога беше шеф на државата, информираше лидерот на огранокот на партијата за Мала Преспа, Панди Јани.

Toj додаде дека на средбата со Македонците во Пустец,  изразил поддршка кон културни, економски и општествени интереси на Македонците.

„Мета го нагласи големото значење на пријателските врски помеѓу соседните нации и значењето на заедничкото градењето на благосостојба и заемно разбирање. Овој собир беше прилика за дискусија и споделување на идеи, како и израз на припадност и заедништво меѓу Македонците во Пустец. Илир Мета ја поздрави, како што секогаш ја нарекува, прекрасната  македонска заедница и го изрази своето залагање кон мултиетничката хармонија што се создава во поширокиот  регион“, посочува Панди Јани.

Оваа посета, оценува тој, е доказ за пријателски врски и се надеваме дека ќе продолжат да се засилуваат во иднина, со цел за подобрување на условите за живеење на нашите граѓани и развојот на регионот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ