сабота, 27 јули 2024

Илинден-Тирана учесник на семинар на ФУЕН за словенските малцинства

Македонското друштво Илинден-Тирана учествува на 26. семинар на работната група на словенските малцинства при ФУЕН што се одржува во Загреб, Хрватска. Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото вели дека семинарот ќе трае до 22 месецов.

Објавено на

часот

Сподели

„Домаќин е Националниот совет на Србите во Хрватска (СНВ). Има преку 30 учесници – од Молизеските Хрвати од Италија до Сорбите од Германија до Помаците од Грција – и опфаќаат пријатно широк спектар на земји и малцинства: застапени се 13 различни малцинства од 11 земји, меѓу нив и нашето друштво, изјави Ѓурѓај.

Додава дека со 32 организации членки, Работната група на словенските малцинства е работна група која е веќе добро воспоставена во мрежата ФУЕН и чии годишни семинари за словенските малцинства во Европа, организирани на различни локации, имаат долга традиција.

Македонското друштвото Илинден -Тирана член е на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства.вт/

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ