недела, 12 јануари 2025

Илинден – Тирана: Ковачев да знае дека освен кај изроди, Бугарија нема успех во одродување на Македонците во Албанија

Објавено на

часот

Сподели

                                                                                                                                           Фото: Тирана

Ковачев во својство на европратеник, при неговата посета на Република Албанија на Фејсбук објавил дека се сретнал со „претставници на бугарска заедница во областа Гора“.

Друштвото посочува дека бугарските власти со сите сили се насочени во правец на насилно побугарување на Македонците во Албанија, а особено во областа Гора.

Секако, нагласуваат во Илинден – Тирана, посетата на Ковачев е дополнителен притисок врз населението во Гора за негово побугарување, бидејќи тој ја има „во свои раце моќта да лаже и замајува во својство на европратеник“.

Во исто време македонското друштво изразува жалење што највисоките личности на албанската држава дозволуваат да бидат „уценувани од бугарските политички лица и што потклекнуваат пред тие уцени“.

„При тоа, цената на уцените во однос на евроинтеграциите на Република Албанија, политичкиот врв на нашата држава ја плаќа со нашата национална припадност и нашето национално достоинство како Македонци. Ги повикуваме европските институции, кои тврдат дека се темелат на демократското однесување во однос на основните човекови права, да се позанимаваат со суровото и бескрупулозно нафрлање на бугарските емисари, но и европратеници во однос на македонското национално малцинство во Република Албанија“, апелира друштвото.

Во соопштението се апелира ЕУ да преземе соодветни мерки за да се спречи понатамошно недолично однесување на Бугарија.

„Досегашното нереагирање на европските институции кон бугарските, крајно дрски и насилнички атаци врз Македонците во Република Албанија, за нас, како македонско национално малцинство значи дека европскиот дом е дом на насилници кои со силата на моќта смеат да го газат и тероризираат кој сакаат народ на Балканот, во Европа и во светот. Посакуваме, Европската Унија да ги заузди насилниците од Бугарија“, стои на крајот на реакцијата на друштвото.

Претходно и единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, најостро ги осуди обидите на европратеникот Ковачев за претставување на Македонците во Гора како Бугари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ