сабота, 27 јули 2024

Илинден-Тирана им ја честита победата на Сиљановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Македонското друштво Илинден-Тирана, Никола Ѓурѓај, во свое и во име на друштвото и го честиташе изборот на Гордана Силјановска – Давкова за претседател и победата на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори.

Објавено на

часот

Сподели

Во исто време, се заблагодарува на Македонците од Република Албанија што вчера го оствариле правото на глас.

„Почитувани Македонки и Македонци од Република Албанија кои гласавте во татковината Македонија, сакам да се заблагодарам на секој еден од Вас за оствареното право на глас и поддршката што ја дадовте. Македонија повторно горда! Победата е историска“, стои во објавата на Ѓурѓај.

Тој е меѓу повеќето Македонци од Албанија кои правото на глас на вчерашните двојни избори во остварија во матичната земја и кој непосредно ја честиташе победа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ