сабота, 27 јули 2024

Илинден ја повикува ЕУ да ги запрат уцените на Бугарија

Македонското друштво Илинден – Тирана во вечерашната реакција најостро го осудува инсистирањето на бугарскиот претседател Румен Радев, за, како што велат, да се признаат непостоечки Бугари во Гора на Косово, област каде живеат Македонци. Македонското друштво ги повикува европските институции да ги запрат уцените од страна на бугарската држава кон други држави со заканите за вето за нивната интеграција во Европската Унија.

Објавено на

часот

Сподели

Софија неодамна постави три барања за Приштина во врска со Гораните и нивната националност – признавање на наводно бугарско малцинство, загарантирано место во Советот на заедници и вметнување на Бугарите во Уставот, во пресрет на претстојниот попис на Косово.

Ова наиде ан негативни реакции од Македонците во Албанија, каде исто така Бугарија изврши притисок за официјално признавање на Бугари како етничка припадност.

„Револтирани сме од тоа што официјална Софија ја продолжува својата антимакедонска пропаганда меѓу Македонците во областа Гора, Република Албанија и во Република Косово, обидувајќи се да ги претстави како Бугари“ – се вели во реакцијата на македонското друштво Илинден.

Друштвото потсетува дека многупати досега се залагала за вистината, според која Македонците во областа Гора се неотуѓив и нераскинлив дел од македонскиот народ.

Секако, ваквиот негов потег е веќе виден во Република Албанија, каде со уцени и закани по европската иднина на државата, Бугарија наметна признавање на непостоечки Бугари во Законот за малцинства усвоен во 2017 година во Република Албанија, иако во земјата во сите пописи од 1923 до 2011 година ниту еден жител не се изјаснил како Бугарин.

Ги повикуваme европските институции да ги запрат уцените од страна на бугарската држава кон други држави со заканите за вето за нивната интеграција во Европската Унија. Во исто време апелираме до Владата на Република Косово да преземе сериозни мерки во насока на поголема грижа за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во Република Косово и да не дозволи признавање на непостоечко бугарското малцинство во Република Косово“, реагира македонското друштво Илинден – Тирана и го потсетува бугарското раководство дека „македонската нација е историски факт и дека нам не ни треба одобрение од други држави за да се изјасниме дека сме тоа што сме“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ