понеделник, 17 јуни 2024

„Илинден“ им честита на студентите по македонски јазик во Тирана и упати критика кон УКИМ

Македонското друштво „Илинден“-Тирана упати честитки до првата група студенти кои го завршија првиот циклус по македонски јазик на Факултетот за странски јазици во Тирана. „Драго ни е што со големиот интерес за македонистиката на Факултетот во Тирана се потврди исправноста на заложбите што нашето друштво заедно со Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ и неговиот тогашен директор, проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска ги остваривме во периодот од декември 2022. до септември 2023 година“, се вели во честитката во која подолу се изразува критика кон Универзитетот „Кирил и Методиј“.

Универзитетот во Тирана - Фото: МД „Илинден“

Објавено на

часот

Сподели

„Со беспоштедната посветеност која тогаш ни ја врати вербата во македонска високообразовна институција и со сите чекори што во содејство со Семинарот тогаш се презедоа овозможија да дојде до овој миг кога повторно, на високообразовна институција во Тирана може да се изучува македонистиката“, се додава во честитката.

„Сепак, изразуваме жалење што по промените на раководството на Семинарот, можностите што се обезбедија до септември 2023 година, македонскиот јазик да може да се изучува и во рамките на самите студии, а не само како дополнителен курс, не се искористија и што сега, македонистиката се изучува само преку курс. Нашите заложби беа и се во насока да се дочека денот кога во Тирана ќе има и Катедра за македонски јазик и книжевност, и затоа, и покрај случувањата, по промените, убедени сме дека ќе го дочекаме и тој ден, со нови перспективи за академската и меѓукултурна соработка меѓу Албанија и Македонија.

Се надеваме дека дел од оние студенти што сега, благодарение на заложбите што со Семинарот ги остваривме до ептември 2023 година, можат да учат на Лекторат по македонски јазик, се оние што во времето што е пред нас ќе застанат зад иницијативите за натамошен развој на македонистиката во Албанија.

Посакуваме да се случи македонскиот јазик да започне да се изучува и на Филолошкиот факултет при Универзитетот ‘Фан С. Ноли’ во Корча. Долго има најави дека тоа ќе се случи, и според последните информации станува збор за курс, а не за составен дел од основните студиски програми. Убедени сме дека ако се настапува со посветеност со каква што настапи нашето Друштво раководено од претседателот, Никола Ѓурѓај и со огормните заложби какви што направи Семинарот до септември 2023 година со тогашното раководство, бариерите би можеле да се тргнат и во Корча.

За жал, ние и претходното раководство на Семинарот со кое ги отворивме вратите за македонистиката во Тирана не сме дел од актуелните процеси, и иако не се валоризира нашиот влог, Македонското друштво ‘Илинден’-Тирана постојано е тука за сите студенти што го избраа и со оние што во иднина ќе го изберат курсот по македонски јазик. Тука сме да ги поддржиме во нивната определба за афирмација на македонистиката и веруваме дека ќе успееме во целта.

Целото членство на Друштвото и претедателот Ѓурѓај упатуваат срдечни честитки до сите студенти од Тирана што добија прв сертификат за изучување на македонскиот јазик на курсот на Лекторатот по македонски јазик на Факултетот за странски јазици во Тирана“, се вели во соошстението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ