сабота, 26 октомври 2024

Или ќе кажете што сте по националност или нема извод од матична книга

Објавено на

часот

Сподели

Дека оваа одлука веќе е стапена во сила прв се пофали лидерот на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари, кој на својот фејсбук-профил напиша дека изводите од матичната книга на родени веќе може да се добијат и на албански јазик, заедно со обврската да се изјасните на која националност ѝ припаѓате. 

„Изводот од родени сега и на албански заедно со националноста“, напиша Таравари и објави фотографија од двојазичниот извод од матичната книга на родени. 

Сето ова доаѓа откако министерот за правда Кренар Лога на крајот на мај го потпиша упатството за измена на изводите од матичната книга на родени, венчани и починати во кои веќе се наоѓа и изјаснувањето по етничката припадност. 

Објаснувањето на Лога тогаш беше дека на овој начин Министерството за правда сака да му стави крај на проблемот со лажните декларирања на етничката припадност при вработување и злоупотреба на балансерот за правична етничка застапеност во одредени институции.

„Со ова ќе може да се докаже етничката припадност со официјален документ. За секоја можна злоупотреба на етничката припадност може да се отворат и кривични постапки за лажно пријавување. И странките во постапката (во случај на вработување) можат да поднесат претставка, но и тужба за злоупотреба, во случај институцијата да избегне службени документи“, рече тогаш Лога.

Веднаш по ова реагираа од Левица и поднесоа иницијатива пред Уставниот суд за внесувањето етничка припадност во изводите.

                                                                                                                                                           И.О.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ