петок, 21 март 2025

Иле Гоцевски, починатиот возач на Брза помош од Кочани – постхумно ќе биде одликуван

Возачот на Итната медицинска помош, Иле Гоцевски кој почина по трагичната несреќа во Кочани, а превезе голем број пациенти ќе биде постхумно одликуван, најави денеска министерот за здравство Арбен Таравари. 

Објавено на

часот

Сподели

„Тој ден сите работевме повеќе од 20 часа. Јас немам информација колку часа возачот работел, меѓутоа неспорно е дека направил огромна работа со превозот на пациенти. Како министер за здравство планирам следната недела да го викнам неговото семејство и постхумно да го одликувам“, изјави Таравари.

Во однос на информациите дека инфаркт имал уште еден возач на Брза помош, Таравари рече дека таква информација во Кризниот штаб досега немаат.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ