сабота, 1 март 2025

Илчо Ѓорѓиоски е нов тренер на Струга

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) е нов тренер на Струга Трим Лум.

Објавено на

часот

Сподели

Ѓорѓиоски на клупата на актуелниот шампион пристигнува на местото на Ќатип Османи кој си поднесе оставка по поразот од Вардар.

Последниот тренерски ангажман Ѓорѓиоски пред Струга го имаше во Грција каде што ја предводеше екипата на Калмата во 2023 година.

Во кариерата Ѓорѓиоски ги водеше: Брегалница, Вардар и Македонија Ѓорче Петров, но беше и селектор на репрезентацијата до 19 години.

Струга на табелата во овој момент заостанува дури 11 бода зад лидерот Шкендија, па така одбраната на титулата ќе претставува тешка задача.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ