Ви ги пренесуваме препораките од ИЈЗ
- Складирање на вода: Осигурајте најмалку 4 литри вода по лице на ден. Флаширана вода е препорачана за пиење, додека канти и кофи може да се користат за санитарни потреби.
- Штедење на вода: Користете вода само за основни потреби и одложете активности како перење алишта и чистење автомобили.
- Хигиена: Користете дезинфициенси за раце и влажни марамчиња. Ако користите вода од алтернативни извори, превријте ја пред употреба.
- Храна: Подгответе оброци кои бараат минимално количество вода и користете еднократен прибор за јадење.
- Информираност: Следете ги објавите од надлежните органи и бидете во тек со најновите информации.
Препораки за здравствените установи:
- Резерви на вода: Складирајте доволна количина вода за пациентите и персоналот.
- Хигиена: Користете средства за дезинфекција и адаптирајте ги медицинските процедури кои бараат вода.
- Информирање: Пациентите и персоналот треба да бидат информирани за недостапноста на вода.
Препораки за угостителските објекти:
- Резерви: Обезбедете доволно вода за подготовка на храна и пијалаци.
- Хигиена: Користете еднократен прибор и средства за дезинфекција.
- Информирање на гости: Навремено информирајте ги за можните ограничувања.