недела, 20 октомври 2024

ИЈЗ: Четворица вработени од зоолошката во Скопје одат под здравствен надзор

Четворица од вработените во ЗОО Скопје ќе бидат ставени под здравствен надзор. Ќе се следат и останатите, но официјално под надзор ќе бидат овие ќетири лица, изјави денеска  Марија Андоновска, директорката на Институтот за јавно здравје откако вчера беше потврден птичји грип кај гуска во зоолошката градина во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Таа изјави дека вчера веднаш по дојавата од Агенцијата за храна и ветеринарство до Институтот за јавно здравје дека постои веќе потврден лабораториски испитан случај на живина од зоолошката градина во Скопје, за постоење на птичји грип, организиран бил итен состанок помеѓу претставници од АХВ, епидемиолози од ЦЈЗ, како и епидемиолози од ИЈЗ.

„На тој состанок добиена е листа од 16 лица кои се вработени во зоолошката градина и веднаш е започната епидемиолошка анкета. Од податоците кои ги добив од страна на епидемиолозите кои ја извршуваа анкетата, од 16 луѓе од листата, исконтактирано е со 15 лица од истата. Во текот на денешниот ден ќе се направат напори да биде исконтактирано и последното лице. Во однос на веќе исконтактираните 15 лица, епидемиолозите во текот на утрешниот ден ќе издадат решение за 4 од овие лица да одат под здравствен надзор. Ќе се следат и останатите, но официјално под надзор ќе бидат ставени овие 4“, кажа Андоновска.

Здравствен надзор подразбира следење на овие лица во период од две недели дали ќе пројават каков било симптом којшто понатаму би се испитувал дали се работи за птичји грип.

„Едно од овие лица на 18-ти имало некакви симптоми кои траеле еден ден, а тоа е температура и дијареа што не значи дека тоа лице има птичји грип. Тоа лице ќе биде тестирано оти препораките од страна на епидемиолозите и микробиолозите е по појавата на првите симптоми во рок од 5 дена да се направи тестирање“, изјави Андоновска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ