„Излези момче“ ечи во салата „Чаир“, мислиш игра Македонија, а не нејзините конкуренти. На трибините има десетина германски навивачи, можеби петмина повеќе Чеси, се обидоа заедно неколкупати да викнат, ама попусто. Нашите не им дадоа шанса. Не можејќи да ги победат, на крајот на првиот дел триесетината „немакедонци“ во салата почнаа да аплаудираат на нашата неофицијална навивачка химна. Којзнае, до четврток, можеби и ќе ја знаат целата. И никој нема да им префрли дека е националистичка, шовинистичка, омаловажувачка, па дури и фашистичка. Да не се шегуваме, ова последново навистина може да ги налути Германците.
Играла не играла Македонија, во салата ечи „Излези момче“
ТОП ВЕСТИ