сабота, 27 јули 2024
Уште сега на Реал му пишале кој каков дрес сака

Играчите на четвртолигашот Арандина полудеа по Модриќ, половина тим го бара дресот на Хрватот (ФОТО)

Четвролигашот Арандина ја имаше среќата да се падне со Реал Мадрид во Копа дел Реј, па за по крајот на натпреварот да нема „тепачки“ за дресовите на ѕвездите на „кралевите“, составен е список со желби.

Објавено на

часот

Сподели

Кога Арандина ќе се сретне со Реал Мадрид во Копа дел Реј, на многумина од домашните фудбалери ќе им се оствари сонот да ги одмерат силите со најдобрите во светот, а по крајот на натпреварот ќе сакаат и спомен од овој меч во форма на дрес од противникот.

„Во соблекувалната предложив да се обидеме да добиеме што е можно повеќе дресови, бидејќи на крајот сите ќе сакаме еден ист дрес. Мислам дека секој треба да има спомен од овој меч, и ќе биде убаво доколку Реал ни излезе во пресрет“ – вели капитенот на Арандина, Хорхе Гонзалез.

Па за да нема „тепачки“, четвртолигашот направил список со желби и на Реал Мадрид му пишал кои дресови сака да ги добие.

Марка ја објави листата, половина од фудбалерите на Арандина бараат дрес од Лука Модриќ, Хрватот ги засени останатите играчи особено Белингам и Винисиус, кои во моментов веројатно се двете најзвучни имиња на „Бернабеу“.

Арандина листа со желби

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ