петок, 26 јули 2024

Игор Стефановски Иџе останува бренд амбасадор на Видеолотарија касинос Австрија

Објавено на

часот

Сподели

Најдобриот македонски автомобилист останува дел од семејството како бренд амбасадор на Видеолотарија касинос Австрија.

Популарниот Иџе за нас не е само извонреден професионалец и врвен спортист, туку претставува симбол за лојалност, со оглед дека долги години е партнер на нашата компанија и верно лице на нашите вредности. Нашата релација е двонасочна бидејќи и Видеолотарија касинос Австрија бројни сезони стои зад Стефановски во неговите борби со брзините и со конкуренцијата насекаде низ Европа. И во новата натпреварувачка година тој почна да реди победи и одлични резултати, а Видеолотарија касинос Австрија е тука да го поддржува во секој метар од асфалтот.

Тандемот Иџе-Видеолотарија Касинос Австрија стана препознатлив и меѓу неговите поддржувачи и општо во јавноста и досега беше потпишан под многу успеси, општествено одговорни акции и среќни приказни. Затоа веруваме дека и понатаму ќе продолжиме да претставуваме пример и репер за квалитетна и професионална соработка. Како модерна и одговорна компанија ние ќе продолжиме да ги негуваме заложбите за поддршка на спортот, во насока на поттикнување младите да го изберат спортот како свој личен и професионален предизвик“, соопшти компанијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ