петок, 18 октомври 2024

Игор Милев нов член на Одборот на директорти во Македонски телеком

Објавено на

часот

Сподели

Владата поседува 34,81% во компанијата и златна акција.

Според официјалната биографија Игор Милев завршил постдипломски студии на Правниот факултет во Скопје, од 1999 до 2001 година работел како приправник во Основниот суд во Радовиш, во периодот од 2001 до 2002 година бил раководител на правната служба во Јака 80 АД Радовиш, а од 2002 до 2015 година работел како адвокат.

Милев од 2015 до 2017 година бил член на Државната изборна комисија. Од 2018 до 2023 година бил советник на директорот на Царинска управа.

Од 2011 до 2013 година бил член на Управниот одбор на Адвокатска комора на Македонија.

Во периодот од 2004 до 2005 година бил член на второстепената Комисија за јавни набавки при Владата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ