сабота, 19 октомври 2024

Игор Ангеловски си замина од Казахстан

Објавено на

часот

Сподели

Ангеловски денеска објави дека заминува од Каспиј, неговата оставка се случува по поразот од 1-2 од Жетису, што беше четврти загубен меч во низа. Каспиј со 10 бода е претпоследен на табелата.

„Напорно работев за да го стекнам своето име и сега не сакам тоа да го загубам. Решив да го напуштам своето место и оваа порака им ја пренесов на фудбалерите и на раководството. Се надевам дека ќе се создадат услови за новиот тренер и верувам дека Каспиј ќе остане во Премиерлигата. Би сакал да им се заблагодарам на сите и да им посакам успех во иднина на сите во клубот. Посебно сум им благодарен на навивачите“, рече Ангеловски на прес-конференција.

За Ангеловски ова е втора неуспешна авантура откако кратко издржа и во хрватска Горица, откако во летото 2021 година ја напишти клупата на македонската репрезентација со завршување на договорот после Европското првенство.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ