Виктор Касаи е избран за најдобар делител на правдата во изборот на Светската федерација за историја и статистика (ИФФХС). Касаи со 138 поени победи во изборот пред Англичанецот Хауард Веб,м кој освои 103 поени и Равшан Ирматов, судијата од Узбекистан.
Зад првата тројка на делители на правдата на светско ниво, меѓу првите десетмина се и Волфганг Штарк (Германија), Франк Де Блекере (Белгија), Масимо Бусака (Швајцарија), Карлос Велеско Карбалјо (Шпанија), Никола Рицоли (Италија), Хорхе Луис Ларионда (Уругвај) и Силвио Спинола Фагундес Фиљо (Бразил).