сабота, 27 јули 2024

ИФФХС: Македонската Прва лига 54-та во светот

Објавено на

часот

Сподели

Македонскиот фудбал зачудувачки направи скок, и тоа за 20 места, и го забележа третиот најдобар пласман во ваквото рангирање во последните пет години. Македонската лига беше најдобро пласирана на рангирањето за 2006 година, кога го зазеде 48. место и на тоа рангирање беше подобра од хрватската и српската лига, чии клубови, за разлика од нашите, веќе имаат серија на настапи во најзначајните клупски натпреварувања, Лигата на шампионите и Лигата на УЕФА. Во 2007, Првата лига беше рангирана на 51 место.

Подолгиот претстој во Европа на дебармаалци летоска и донесе многу бодови на Македонија

Македонија освои 326 бода, и тоа го дели ова 54. место со Литванија и Унгарија, но и понатаму ова е слаб пласман со оглед дека вистинска вредност на националното првенство на ова рангирање е пласман во „топ 20“. Првата лига на Балканско ниво е седма најдобра лига и зачудувачки според ИФФХС; подобра од бугарската лига. Најдобра балканска лига е Романија (20. место), пред Грција (21), Турција (24), Србија (40), Словенија (44) и Хрватска (51), а зад нас се Бугарија (62), Албанија (71) и Босна (100).

Најдобра светска лига за 2011 е шпанската Примера, која освои 1.194 бода, втора е англиската Премиерлига со 1.103 бода, а трета бразилската лига со 889 бода. Во топ 10 се и шампионатите на Португалија, Франција, Германија, Италија, Аргентина, Холандија и Чиле.

Рангирањето се прави на база на настапите во меѓународните натпреварувања, а во минатата година Работнички имаше солиден настап со пласман на чекор до групната фаза во Лигата на Европа. Инаку рангирањето се врши на календарска година, а не по сезони.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ