сабота, 27 јули 2024

Иџет Мемети, член на Советот на јавни обвинители е дел од истрагата за земање поткуп во случајот со судијата Георгиев

Јавното обвинителство за гонење организран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) истражува дали членот на Советот на јавни обвинители Иџет Мемети е дел од група која барала поткуп за да оддава информации на поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев кој се наоѓа во притвор и е осомничен за шверц на дрога. Освен во Врховниот суд доцна синоќа бил извршен претрес и во Советот на јавни обвинители.

Објавено на

часот

Сподели

Од Советот на јавни обвинители за МКД.мк ја потврдија веста но во интерес на истрагата не можат да споделат повеќе информации.

„Синоќа беше извршен претрес во само една просторија во Советот на јавни обвинители. Претресот е завршен. Други информации не знаеме, а и законот не ни дозволува да кажеме повеќе“, изјави за МКД.мк претседателката на советот, Душица Димитиреска.

Неофицијалните информации велат дека врховниот судија Наке Георгиев и членот на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети барале пари, а за возврат ветувале дека можат да му ја олеснат положбата на на поранешниот градоначалник на Ново Село, Боро Стојчев кој се наоѓа во притвор и е осомничен за шверц на дрога.

Барањето поткуп го пријавил синот на Стојчев.

Иџет Мемети во два мандати беше Народен правобранител. Претходно беше и заменик секретар на Владата, па министер за правда. Пред да биде избран за член на Советот на јавни обвинители, Мемети беше уставен судија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ