сабота, 27 јули 2024

Иднината на ВИ иновациите почна со Самсунг галакси  С24

Со тукушто лансираната најнова серија на телефони Galaxy S24, производителот Samsung го означи почетокот на една нова ера за мобилните телефони предводена од функционалности со вештачка интелигенција.

Објавено на

часот

Сподели

Самсунг повторно ги надмина очекувањата на јавноста за нестрпливо очекуваните нови модели Galaxy S24, Galaxy S24+ и Galaxy S24 Ultra. Но овој пат, тоа го стори со инкорпорирање на Galaxy AI* вештачката интелигенција во бројни перформаси кај овие уреди и со тоа овозможувајќи им на своите корисници фантастични нови можности секојдневната комуникација да ја остваруваат на многу полесен, побрз и поинтелиген начин.

Што е тоа што ќе ве восхити кај новата Galaxy S24 серија? Да започнеме од секојдневната говорна и пишана комуникација: новата функција Превод во живо (Live Translate) ќе ви овозможи двонасочни, гласовни и текстуални преводи на телефонски повици во реално време во локална апликација. Со функцијата Помош за транскрипција (Interpreter), која може да ја користите дури и без интернет, ви овозможува разговорот со соговорникот до вас веднаш да биде преведен и прикажан на поделен екран на кој транскрипцијата ја читате и двајцата во реално време. Тука е и функцијата Помош за разговор (Chat Assist) која може да ви ја усоврши пишаната комуникација да звучи љубезно или зависно која ви е намерата, може да биде и кратка фраза. Исто така, и веќе познатата апликација Samsung Notes ја добивате значително подобрена со Помош за белешки (Note Assist) со шаблони кои ќе го олеснат фаќањето на белешки, а пак Помош за транскрипција (Transcript Assist) е овозможена од вештачка интелигенција и технологија за транскрипција, резимирање, па дури и преведување од говор во текст.

Неверојатно лесно барање на Гугл!

Ќе бидете воодушевени од функцијата Заоружи за пребарување (Circle to search) за интуитивно пребарување со заокружување, која за прв пат кај телефоните е овозможена кај Galaxy S24. Со помош на Google отсега пребарувајте на налесен можен начин и најбргу. Со долго притискање на почетното копче можете да  го заокружите предметот, истакнете, пречкртате или едноставно да допрете било што на екранот на вашиот Galaxy S24 и веднаш ќе ги видите резултатите од ребарувањето, како и генеративни прегледи овозможени од вештачката интелигенција кои ќе ви обезбедат корисни информации и контекст собран од целиот интернет.

Систем од камери на кои секој ќе ви позавиди и функции  како никогаш досега!

Со Galaxy S24, Galaxy S24+ и Galaxy S24 Ultra сликањето и снимањето на содржини никогаш не било посовршено.

Galaxy S24 и S24+ доаѓаат со селфи камера од 12 MP и тројна задна камера што ја сочинуваат широкоаголна камера од 50 MP со 2х зум со оптички квалитет, ултраширока камера од 12 MP и камера од 10 MP со 3x оптички зум. Со режимот на портрет со 2х и 3х зум ќе можете да снимате динамични крупни кадри. Новата функција ProVisual engine, која ја користи моќта на AI зумирањето, ги подобрува деталите и боите за чисти и живописни слики со висока резолуција, дури и на растојанија за дигитален зум. На слаба светлина можете да сликате фотографии со намален шум благодарение на Nightography, а благодарение на наменетиот ISP Block, ќе можете Nightography да ја аплицирате и на Niсо селфи камерата. На дофат ви е и уредувањето на фотографии со помош на AI па така, доколку не успеавте да го фатите кадарот како што сакавте, со опцијата генеративно уредување може да ја пополните позадината, да ги отстраните несаканите предмети и сл.

Камерата на Galaxy S24 Ultra е првата камера на Galaxy паметен телефон што има систем Quad Tele. Со системот Quad Tele, ќе создавате појасни и почисти фотографии во опсегот на оптичкиот зум што го користите. Камерата од 50 MP сега доаѓа со 5x оптички зум. Дури и на 5x зум, живописните ефекти на Nightography се забележуваат дури и на слаба светлина, при што ќе добиете подетални фотографии и видеа од порано, благодарение на решението AI Zoom.  Покрај зум, моќниот ProVisual engine ја подобрува и високата резолуција, Nightography и Super HDR фотографиите. Новиот ProVisual engine поддржува целокупно фотографско искуство како што е висока резолуција, Super HDR, AI Zoom, Nightography и Помош за фотографирање. Исто така, екранот на Galaxy S24 Ultra има подобра видливост поради поголемата осветленост од 2600 нити и новото Corning® Gorilla® Armor.

Препознатлив и совршен дизајн

Препознатливиот дизајн на телефоните Galaxy S24, Galaxy S24+ и Galaxy S24 Ultra овојпат доаѓа во уште пософистицирана форма и надграден поголем екран, кој кај Galaxy S24 е со голема од 6,2 инчи, кај Galaxy S24+ е 6,7 инчи, додека кај  Galaxy S24 Ultra е 6,8 инчи. Сите три модели имаат оценка IP68 за отпорност од вода и прашина и се зајакната со Armor Aluminium рамка, додека Galaxy S24 Ultra поседува и цврста заштита од титаниум вградена во рамката и поголема отпорност од гребнатини на екранот со Corning® Gorilla® Armor. Боите во кои можете да ги имате овие уреди се прекрасни, инспирирани од минерали и тоа кобалт виолетова, килибирана жолта, оникс црна и мермерно сива за Galaxy S24 и Galaxy S24+, додека пак Galaxy S24 Ultra доаѓа во титаниум сива, титаниум црна, титаниум виолетова и титаниум жолта боја. Што се однесува до меморијата, со Galaxy S24 и Galaxy S24+ можете да бирате опции за меморија до 512 GB, додека со Galaxy S24 Ultra дури и до 1 TB.

Нарачајте први и заштедете!

Искористете го периодот за преднарачка кој трае до 24.01.2024 за да нарачате еден од новите модели Galaxy S24, Galaxy S24+ и Galaxy S24 Ultra и заштедете до 7.500 денари, бидејќи добивате двојно повеќе меморија по цена на основната варијанта. Повеќе за промоцијата прочитајте тука.

 

Функциите на Galaxy AI ќе бидат достапни бесплатно барем до крајот на 2025 година на поддржаните уреди Samsung Galaxy.

Повеќе за новите модели од серијата Galaxy S24 прочитајте на следниве линкови:

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s24/

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s24-ultra/

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ