недела, 20 октомври 2024

Идната европска комесарка за проширување ќе биде од Словенија

Претседателката на Европската комисија денес во Европскиот парламент ги претстави идните европски комесари, меѓу кои 40 отсто се жени.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Комесарка за проширување во новата Европска комисија ќе биде Словенката Марта Кос, соопшти претседателката на Европската комисија.

Словенечката дипломатка ќе биде задолжена и за источното соседство на Европската Унија.

Кос ќе работи на поддршката за Украина, ќе продолжи да работи на обновата на таа земја и да ги поддржува земјите кандидати за членство да се подготват за пристапување во ЕУ, кажа Фон дер Лаен на конференцијата на претседателите на политичките групи во Европскиот парламент.

Марта Кос е поранешна словенечка амбасадорка во Германија и Швајцарија.

Кариерата ја почнала како новинарка, но била и директорка на владината канцеларија за информирање и портпаролка на владата. Од неодамна работи како консултантка на компании и меѓународни организации.

„Секој член на мојот тим ќе го донесе своето искуство и погледот на Европа. Заедно ќе бидеме еден тим, кој ќе работи на заедничка цел – Европа да биде посилна“, порача претходно денес Фон дер Лаен на Икс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ