среда, 15 јануари 2025

ИДФ: Вчера се погодени повеќе од 50 терористички цели во Газа

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија денеска дека во текот на изминатиот ден се изведени воздушни напади на повеќе од 50 цели во појасот Газа, како и дека цели на нападот биле групите оперативци од милитантните групи Хамас и палестински Исламски џихад.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

ИДФ наведе дека цел на едниот од нападите, кој е почнат во ноќта, бил истакнат терористички оперативец што дејствувал од зградата на поранешното училиште во ​​градот Газа, пренесе Тајмс оф Израел.

Израелската војска не го објави неговиот идентитет, ниту деталите за неговата улога во милитантното движење.

Училишната зграда што беше цел на нападот служела како засолниште за раселените од Газа, а палестинските медиуми јавија дека во нападот загинаа најмалку пет лица. Според соопштението на ИДФ, во текот на изминатата ноќ се погодени оперативци на Хамас во Кан Јунис и во Деир ал Балах, во јужниот и во централниот дел на појасот Газа.

Во текот на минатиот ден се погодени и ќелии на оперативците, складови на оружје, тунелска инфраструктура, противтенковски лансирни позиции и згради што ги користи Хамас, соопшти израелската војска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ