Како да го загреете домот за да биде пријатно топол без да трошите премногу на сметките за греење?
Решението е правилно да го поставите термостатот, што може да обезбеди топлина, заштеда и помала потрошувачка на енергија. Но, која е идеалната температура за различни делови од денот?
Без разлика дали сте дома, надвор или спиете, неколку едноставни прилагодувања можат значително да ги намалат трошоците за греење, а сепак да го направат вашиот дом пријатно место за престој, пренесува Вечерњи лист.
Греењето е неопходно за време на студените денови, но правилното поставување на термостатот има повеќекратни придобивки: обезбедува удобност, ги намалува сметките и придонесува за зачувување на животната средина.
Имено, секој степен понизок на термостатот може да ги намали трошоците за греење и до пет отсто. Покрај тоа, помалата потрошувачка на енергија значи помала емисија на јаглерод диоксид.
Експертите препорачуваат да го поставите термостатот на 20 степени Целзиусови кога сте дома. Доволно е топло за удобен престој, и не го оптоварува системот за греење.
Ако сè уште ви е ладно, размислете за дополнителен слој облека, топли ќебиња или чаша од вашиот омилен топол пијалак.