сабота, 27 јули 2024

Ибраимовски: Власта погрешно го одбележа Денот на Ромите, по Бајрам, ПЦЕР оди на протести

Објавено на

часот

Сподели

„Да им порачам на власта, на премиерот, на претседателот на државата дека традицијата од 30 години од осамостојување на Македонија вчера го урнаа тој углед на ромските политички партии, каде секоја година имавме покана од претседателот на државата и премиерот на разговор во делот на проблемите на ромската заедница. Ги собраа невладините организации, кои на грбот на ромскиот народ заработија голем износ пари и поединци кои ги викнаа на прослава. Јас сум разочаран. Не дека ќе постигневме којзнае што, но ќе се видиме со претседалот и премиерот“, рече Ибраимовски. 

Грешката, како што рече, што ја направија ќе има големи последици.

„По рамазанските пости ќе организираме протести, во смисла на дискриминација на Ромите, политички и во секој поглед, се уште е присутна“, истакна Ибраимовски.

По повод Меѓународниот ден на Ромите, Ибраимовски потсети на првиот партиски претседател Фаик Абди и неговиот придонес за унапредување на состојбите кај ромската заедница

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ