сабота, 27 јули 2024

Ибраими: Ако ВМРО-ДПМНЕ се врати на позициите на Груевски, Вреди ќе замине во опозиција

Долго бевме опозиција, сега влегуваме во владина коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, која партија не е онаа старата, на Груевски и Мијалков – пријателите на Али АХмети, но ако се врати на тие стари позиции и политики, нема да се премислуваме и нема да ни биде тешко да се вратиме во опозиција, изјави Зеќирија Ибрахими од Вреди. Тој нагласи дека владината коалиција ВМРО-Вреди ќе биде коалиција на економски успех, а дека Вреди ќе го гарантира Дотоворот од Преспа.

Објавено на

часот

Сподели

Ибрахими во гостување на ТВ Клан изјави дека Вреди ќе ја гарантира заштита на меѓународните договори.

„Претседателката Сиљановска и лидерот Мицкоски не кажаа дека не го почитуваат Договорот од Преспа. Како Албанци ќе бидеме во владата за да го заштитиме тој договор, а не да го ревидираме. Ја уверуваме и меѓународната заедница дека Вреди е гаранцијата за почитување на договорите“, рече Ибрахими.

Тој додаде дека Мицкоски бил коректен кон Вреди, ги почитува како партии и како политичари, самиот дојде во нивното седиште, за разлика, како што рече, што Ахмети одел кај Груевски за договор за коалиција,.

Ибрахини упати порака до ДУИ.

„ДУИ заминува во опозиција, но нека не тагуваат, нека се вразумат. Имаме мандат од Албанците да ги претставуваме во владата. Зарем треба да бидат застапувани од Исмаили Јаоски или од девојката од Шуто Оризари? Северна Македонија е бинационална држава, ние го имаме легитимитетот од гласачите Албанци. Тоа беа правилата на изборната игра, ДУИ нема мнозинство од албански гласови во таа нивна коалиција“, рече Ибрахими.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ