сабота, 27 јули 2024

Ибрахимовиќ најдобар калчолигашки фудбалер за 2011 година

Објавено на

часот

Сподели

Очекувано беше дека Милан ќе доминира во наградите за калчо-оскарите, со оглед дека „росонерите“ ја освоија шампионската титула. Ибрахимовиќ го предводеше бродот, а кормилар беше тренерот Масимилијано Алегри, кој ја доби наградата за најдобар тренер.

Покрај Ибрахимовиќ, во тимот на годината се најдоа и Антонио ди Натале (Удинезе), Едисон Кавани (Наполи), Тијаго Мота (Интер)/Клаудио Маркизио (Јувентус), Марек Хамшик (Удинезе), Пабло Армеро (Удинезе), Андреа Ранокиа (Интер)/Алесандро Неста (Милан), Тијаго Силва (Милан) и Кристијан Маџо (Наполи) и голманот Самир Хандановиќ (Удинезе).

Удинезе е најдобар тим за 2011, со оглед дека успеа да се избори да биде дел од големата четворка на крајот на сезоната. Посебно признание од ценетите новинари доби Фабио Капело, селекторот на Англија. Алесандро дел Пјеро и Фабио Канаваро добија награди за остварувања во кариерата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ