Оливие Жиру е топ тема во фудбалскиот свет откако во финишот од натпреварот против Џенова стави ракавици и застана помеѓу стативите. Напаѓачот во последните секунди од мечот имаше фантастична интервенција и спречи домаќините да изедначат.
Милан вчера почна да продава голмански дресови со презимето на Французинот, интересот кај навивачите беше огромен, па за кратко време ја снема целата количина што беше ставена на располагање.
Оливие Жиру денеска се најде и во тимот на колото во Серија А, но не во форот, туку како голман.
И додека голгетерот ужива во својата слава, Златан Ибрахимовиќ реши да испрати порака во свој стил и да се помајтапи со својот поранешен колега од нападот.
„Никогаш не е доцна да ја пронајдеш твојата права позиција“ – гласеше пораката на Ибра на објавата на Милан дека се печатат голмански дресови со презимето на Жиру.
Zlatan Ibrahimovic to Olivier Giroud after goalkeeping heroics: “never too late to find your real position.”?? pic.twitter.com/Y9IB1tE6b5
— hollic? (@elijah_odetokun) October 8, 2023