Северна Кореја со години го користи потрошеното гориво од својот нуклеарен реактор Јонгбјон за производство на плутониум за својата нуклеарна енергија, а ИАЕА вели дека истекувањето топла вода од поголемиот реактор сугерира дека сега се користи нуклеарно гориво, објави Ројтерс.
Шефот на ИАЕА, Рафаел Гроси, во изјава доцна во четвртокот рече дека тоа значи дека нуклеарната верижна реакција во реакторот е самоодржлива. ИАЕА нема пристап до нуклеарните постројки на Северна Кореја откако Пјонгјанг во 2009 година ги протера инспекторите на агенцијата.
ИАЕА сега ги надгледува севернокорејските објекти главно користејќи сателитски снимки. Без пристап, ИАЕА не може да потврди дека реакторот има оперативен статус, рече Гроси. ИАЕА соопшти дека забележала зголемен одлив на вода од системот за ладење на реакторот од октомври. Северна Кореја изврши шест нуклеарни проби, потсетува британската агенција.