сабота, 27 јули 2024

ИАЕА: Русија пак поставува мини во нуклеарката Запорожје

Руските сили повторно поставија мини во нуклеарната централа Запорожје, која ја контролираат, се наведува во извештајот на Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА).

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Мините по должината на периметарот на нуклеарната централа Запорожје во тампон-зоната помеѓу внатрешната и надворешната ограда на објектот, кои претходно ги идентификуваше тимот на ИАЕА и беа отстранети во ноември 2023 година, сега се повторно на своето место“, се вели во извештајот на ИАЕА од петокот.

Најавено е и дека оваа недела резервното напојување на енергетските единици било прекинато неколку часа и дека се истражува причината, пренесува Укринформ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ